| четврток, 6 декември 2018 |

Јени џамија петстотини години ја раскажува својата приказна

Де­нес, овој вре­ден спо­ме­ник на ос­ман­ска­та ар­хи­те­кту­ра за­фа­ќа зна­чи­тел­на по­вр­ши­на од цен­трал­но­то град­ско ја­дро, со со­чу­ван ша­др­ван и со убав град­ски парк око­лу неа

Је­ни џа­ми­ја се на­о­ѓа во цен­та­рот на Би­то­ла, а име­то во пре­вод зна­чи „но­ва џа­ми­ја“. Таа има ква­драт­на ос­но­ва, со ку­по­ла на вр­вот, а бли­зу џа­ми­ја­та има ми­на­ре ви­со­ко 40 ме­три. Де­нес ода­и­те на џа­ми­ја­та се упо­тре­бу­ва­ат за из­лож­би. Не­о­дам­неш­ни­те ар­хе­о­ло­шки иско­пу­ва­ња откри­ја де­ка е из­гра­де­на врз ста­ра цр­ква.

Ре­чи­си пет­сто­ти­ни го­ди­ни џа­ми­ја­та ги по­кри­ва тај­ни­те на ми­на­то­то и исто тол­ку го­ди­ни ги слу­ша мо­ли­тви­те за ид­ни­на­та. Уште при пр­ва­та сред­ба нај­до­ми­нан­тен еле­мент се др­ве­ни­те ма­сив­ни пор­ти. Но ко­га тие ќе се отво­рат пред по­се­ти­те­лот, се рас­ка­жу­ва по­и­на­ква при­каз­на. За­тво­ре­ни­от трем нѐ пре­че­ка со сво­ја­та кро­ткост и ше­по­ти за ил­јад­ни­ци­те вер­ни­ци што ги из­го­во­ри­ле сво­и­те мо­ли­тви ток­му ту­ка. Вто­ра­та др­ве­на пор­та со пли­тка рез­ба­на де­ко­ра­ци­ја ве вне­су­ва во мо­ли­тве­ни­от про­стор, во са­ма­та џа­ми­ја. Но пог­ле­дот вед­наш ќе ви за­и­гра на си­но- бе­ли­те фа­јанс­ни плоч­ки. Оваа уни­кат­на фа­јанс­на де­ко­ра­ци­ја е изра­бо­те­на од фа­јанс­ни плоч­ки на кои де­ко­ра­ци­и­те се на­пра­ве­ни на нив, ме­сто од нив, ка­ко што би­ла пра­кти­ка­та. Се­ко­ја плоч­ка ја на­до­пол­ну­ва прет­ход­на­та фор­ми­рај­ќи вол­шеб­на фло­рал­на де­ко­ра­ци­ја. Ка­ме­ни­те де­ло­ви од пор­та­лот над др­ве­на­та вра­та и ка­ли­граф­ски­те нат­пи­си ја рас­ка­жу­ва­ат сво­ја­та при­каз­на. Са­мо љу­бо­пит­но­ста нѐ во­ди по­на­та­му да за­че­ко­ри­ме и низ оваа пор­та и да откри­е­ме но­ва ви­сти­на. То­гаш пред нас по­втор­но се отс­ли­ку­ва ед­но дру­го вре­ме. Сли­ка­на­та де­ко­ра­ци­ја и шту­ко де­ко­ра­ци­ја­та збо­ру­ва­ат за вре­ме­то на прос­пе­ри­тет на Би­то­ла. Мо­би­ли­ја­рот стар пет­сто­ти­ни го­ди­ни впил ил­јад­ни­ци мо­ли­тви, чул ил­јад­ни­ци жел­би. Но тие жел­би не се са­мо мус­ли­ман­ски, тие жел­би се и хри­сти­јан­ски, уни­вер­зал­ни.

reportaza133-2

Во истра­жу­ва­ња­та што се вр­шат на овој об­је­ктот се откри­е­ни ѕи­до­ви од три цр­кви. Нај­ста­ра­та, од 7 век, се ве­ру­ва де­ка е цр­ква­та „Св. Ѓор­ѓи­ја“, вто­ра­та цр­ква е од 11 век, а тре­та­та е од 13 век. Пос­лед­на­та цр­ква би­ла ур­на­та пред да се из­гра­ди џа­ми­ја­та за што не­ма по­да­то­ци да­ли се слу­чи­ло со осво­ју­ва­ње­то од ос­ман­ли­и­те или од дру­ги при­чи­ни. Џа­ми­ја­та би­ла из­гра­де­на во 1558 го­ди­на од стра­на на Ка­ди Мах­муд-ефен­ди.

Ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња на оваа ло­ка­ци­ја по­твр­ду­ва­ат де­ка Је­ни џа­ми­ја (1558/59 го­ди­на) е из­гра­де­на над оста­то­ци­те на са­кра­лен об­јект, спо­ред фа­зи­те на град­ба, да­ти­ран во пер­и­о­дот од 11 век до 14 век. Во ли­те­ра­ту­ра­та се за­чу­ва­ло пре­да­ни­е­то де­ка на ова ме­сто во Би­то­ла по­сто­е­ла цр­ква по­све­те­на на св. Ѓор­ѓи.

– На­ши­от кон­зер­ва­тор­ски про­ект, под­др­жан од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, про­дол­жу­ва за­тоа што на­ша­та цел е пре­зен­та­ци­ја на Је­ни џа­ми­ја ка­ко ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­тет и ка­ко га­ле­ри­ја, функ­ци­ја што ја има­ше и по­ра­но. Спо­ред про­е­ктот, сѐ што е до­се­га откри­е­но во џа­ми­ја­та и над­вор од неа ќе би­де до­стап­но за јав­но­ста би­деј­ќи ќе би­де по­ста­ве­на стак­ле­на га­ле­ри­ска кон­струк­ци­ја. Во след­на­та фа­за ќе го отво­ри­ме ол­тар­ски­от дел на џа­ми­ја­та, а во пос­лед­на­та фа­за ќе из­вр­ши­ме кон­зер­ва­ци­ја и ре­ста­вра­ци­ја на це­ла­та џа­ми­ја – ве­ли ар­хи­те­ктот Ал­ти­пар­ма­ков­ски.

reportaza133-3

Од НУ За­вод и му­зеј – Би­то­ла ин­фор­ми­ра­ат де­ка крај­на­та цел на овој про­ект под­др­жан од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра е би­тол­ска­та Је­ни џа­ми­ја да би­де ка­ко „Аја Со­фи­ја“ во Истан­бул, истак­на ар­хи­те­ктот Ал­ти­пар­ма­ков­ски.

Џа­ми­ја­та би­ла из­гра­де­на по на­рач­ка на би­тол­ски­от ка­ди­ја Мах­муд-ефен­ди, на ме­сто­то на по­ста­ра џа­ми­ска згра­да. Сме­сте­на e на цен­трал­ни­от град­ски пло­штад, во бли­зи­на на са­ат-ку­ла­та и на цр­ква­та „Све­ти Ди­ми­три­ја“, на дес­на­та стра­на на ре­ка­та Дра­гор, ка­де што бро­јот на мо­ну­мен­тал­ни џа­мии е по­скро­мен. Пре­ку го­ле­ми­от мост Је­ни џа­ми­ја е по­вр­за­на со без­и­сте­нот, чар­ши­ја­та, со глав­на­та Исак­че­ле­би­на џа­ми­ја и со не­ко­гаш­ни­те управ­ни згра­ди. Во 1890-91 го­ди­на бил пре­из­гра­ден и про­ши­рен тре­мот на се­вер­на­та стра­на на џа­ми­ја­та, а бил из­гра­ден и нов трем со шест ку­по­ли од стра­на на мај­сто­рот-ѕи­дар Пав­ле Ри­стик (Ри­стев) од Сми­ле­во. Де­нес, овој вре­ден спо­ме­ник на ос­ман­ска­та ар­хи­те­кту­ра за­фа­ќа зна­чи­тел­на по­вр­ши­на од цен­трал­но­то град­ско ја­дро, со со­чу­ван ша­др­ван и со убав град­ски парк око­лу неа.

reportaza133-4

Је­ни џа­ми­ја во 1661 го­ди­на би­ла по­се­те­на од ос­ман­ски­от па­то­пи­сец Ев­ли­ја Че­ле­би, кој во сво­ја­та па­то­пис­на кни­га за­бе­ле­жал де­ка има ед­на џа­ми­ја на Мах­муд Ефен­ди со нат­пис: „Ви­сти­на е де­ка оваа свет­ла џа­ми­ја го освет­лу­ва гра­дот ка­ко ден. О, Ла­е­ли, кој го со­ста­ви овој хро­но­стих за џа­ми­ја­та: Мо­ли­тве­но ме­сто за пра­те­ни­кот на бож­ји­те на­мес­ни­ци. 973 го­ди­на“.

Струч­ни­те еки­пи на За­во­дот за за­шти­та на спо­ме­ни­ци­те и му­зеј – Би­то­ла го­ди­на­ва ќе ја ре­а­ли­зи­ра­ат тре­та­та фа­за од про­е­ктот за адап­та­ци­ја на ен­те­ри­е­рот на Је­ни џа­ми­ја во га­ле­ри­ски про­стор, еден од нај­вред­ни­те кул­тур­но-исто­ри­ски спо­ме­ни­ци, кој со ве­ко­ви го кра­си цен­та­рот на Би­то­ла. От­та­му ве­лат де­ка тре­та­та ета­па од ре­а­ли­за­ци­ја­та по­драз­би­ра пре­по­кри­ва­ње на об­је­ктот и по­кри­ва­ње и пре­зен­та­ци­ја­на ар­хе­о­ло­шки­те оста­то­ци око­лу не­го. Во 2016 го­ди­на е пла­ни­ра­на кон­зер­ва­ци­ја и ре­ста­вра­ци­ја на фа­са­да­та и др­ве­на­ри­ја­та на об­је­ктот, а за 2017 го­ди­на се оче­ку­ва це­лос­на ре­а­ли­за­ци­ја на про­е­ктот со кон­зер­ва­ци­ја и ре­ста­вра­ци­ја на фа­са­да­та и на др­ве­на­ри­ја­та на тре­мот. За­во­дот и му­зеј – Би­то­ла, во сог­лас­ност со пред­ви­де­на­та ди­на­ми­ка, во из­ми­на­ти­от пер­и­од из­ве­де под­го­тви­тел­ни ра­бо­ти око­лу ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­е­ктот. Се при­ста­пи кон адап­та­ци­ја на про­сто­рот со по­ста­ву­ва­ње плоч­ки и со пар­тер­но уре­ду­ва­ње, офор­му­ва­ње влез­на пар­ти­ја во ен­те­ри­е­рот и по­ста­ву­ва­ње су­ве­нир­ни­ца и пор­тир­ни­ца во вна­треш­но­ста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top