| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн без Робен во наредните шест до осум седмици

arjen-robben-will-auch-in-zukunft-mit-dem-fc-bayern-titel-gewinnen-Шампионот на Германија, минхенски Баерн во наредите шест до осум седмици не ќе може да смета на одличниот холандски напаѓач Ариен Робен.

Како што пренесува германскиот весник „Билд’’, Робен поради повреда на стомачните мускули, здобиена на последниот натпревар во Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах, ќе мора да паузира повеќе од еден месец, а во најлош случај и цели два месеци.

Информацијата ја потврди и спортскиот директор на „Баварците’’, Матијас Замер кои истакна – Ќе биде тешко да се најде адекватна замена за Робен. Но, мора да гледаме напред. Тоа е карактер на шампионски тим.

Робен ќе ги пропушти двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Порто закажани за 15 и 22 април, но во најмала рака, и првиот полуфинален меч кој на програмата е на 5 мај, се разбира доколку Баерн се пласира меѓу четирите најдобри екипи.

30-годишниот Холанѓанец кој во Баерн дојде 2009-година, оваа сезона во Бундес лигата одигра 21 натпревар на кој постигна 17 голови, додека на седумте меча во Лигата на шампионите, Робен беше стрелец на два гола во победата на Баерн над Рома со 7:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top