| четврток, 6 декември 2018 |

Робен во аут еден и пол месец

Холандскиот фудбалер Ариен Робен ќе отсуствува шест недели од терените, откако вчера се повреди на натпреварот од осминафиналето од Германскиот куп против тимот на Аугзбург.

Робен во четвртата минута го постигна водечкиот гол на натпреварот, но набрзо потоа на неговото колено згазна голманот на Аугзбург, по што во 16. минута, во агонија, Ариен го напушти теренот.

На прв поглед изгледало како да се работи за полесна повреда, но, сепак, прегледите го покажале спротивното.

– Робен заработи повреда длабока дури до коската. Пред него е пауза од еден и пол месец – стои во соопштението.

Оваа сезона фудбалерот на Баерн Минхен постигна 11 гола и 10 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top