Еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен Ариен Робен се договори со клубот во врска со новиот договор кој наскоро би требал да го потпише, јавуваат холандските медиуми.
Робен во редовите на актуелниот шампион на Европа стигна во 2009 година од Реал Мадрид, договорот му истекува следното лето, а според новиот договор тој би останал до 2017 година на „Алијанц арената“.
Во сезоната која е во тек Робен одигра 14 натпревари постигна 7 гола, а имаше и четири асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.