| четврток, 6 декември 2018 |

Робен ја игра последната сезона на „Алијанц арена“, следна дестинација Санкт Петербург?!

arjen-roben

Еден од најдобрите крилни играчи во последниот период, Арјен Робен, можеби ја одигра последната есен за германскиот шампион, Баерн Минхен.

Како што денес објавува „Италспортпрес“ рускиот гигант, Зенит, ја разгледува можноста да го ангажира холандскиот фудбалер, на кого договорот со минхенскиот клуб му завршува за шест месеци. Неговата трансфер вредност се проценува на 11 милиони евра, но Баерн Минхен е спремен да го продаде и за еден помалку.

32-годишниот Робен во Минхен пристигна во август 2009 година од Реал Мадрид, за трансфер вреден 24 милиони евра. Досега има одиграно 233 меча за германскиот шампион во кои постигна 121 гол и запиша 79 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top