| четврток, 6 декември 2018 |

Робен стартуваше и се повреди, ќе отсуствува околу два месеца

roben

Холандскиот интернационалец Арјен Робен на малерозен начин ја започна новата сезона со Баерн Минхен. Тој се повреди уште на првиот пријателски натпревар и првите проценки се дека повредата воопшто не е наивна, па тој ќе го пропушти стартот на новиот шампионат во Бундес-лигата.

Робен го повреди бутниот мускул на десната нога, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе мора да паузира околу шест седмици. Тоа значи дека новиот тренер на баварскиот клуб, Карло Анчелоти, ќе го нема на располагање за воведните мечеви од новата сезона во германското фудбалско првенство, во кое Баерн Минхен ќе ја брани шампионската титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top