| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе лета под обрачите со „Туркиш ерлајнс“

Македонската кошаркарска репрезентација има нов реномиран спонзор во турскиот авиогигант „Туркиш Ерлајнс“. Главниот спонзор на УЛЕБ Евролигата потпиша едногодишен договор за сотработка на Македонската кошаркарски федерација.

Можам да потврдам дека се договоривме со Туркиш ерлајнс да биде спонзор на нашиот национален тим. Горди сме што оваа моќна компанија го препозна квалитетот на нашата работа во изминатите години и застана зад нас како помагател на проектот – изјави директорот на македонската кошаркарска репрезентација, Илија Мерџановски.

Според информациите на турските медиуми, логото на една од најголемите авио-компании ќе се појави на тренинг-опремата и на дресовите на кошаркарите во следниот период, вклучувајќи го тука и настапот на Европското првенство годинава во септември.

turk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top