| четврток, 6 декември 2018 |

Цензурата во Америка е сè поголема

Администрацијата на претседателот Барак Обама втора година по ред ги цензурира владините документи или целосно им го ограничува пристапот.

Наспроти разочарувањата и неисполнетите ветувања на Белата куќа дека значително ќе го подобри начинот на кој објавува документи, тој закон е популарен како никогаш досега. Администрацијата на претседателот Барак Обама втора година по ред ги цензурира владините документи или целосно им го ограничува пристапот.

Како што се наведува, тоа се коси со Законот за слобода на информирање, покажа новата анализа на федералните податоци која ја спроведе агенцијата АП. На владата ѝ беше потребно долго време да ги предаде документите ако воопшто ги обезбедила, многу често изјавува дека не можат да ги најдат и одбива брзо да ги предаде кога ги бараат медиумите.

Исто така призна, и тоа само кога е натерана до ѕид, во речиси еден од три случаи да не ја даде нејзината првобитна одлука или да цензурира документи кои не биле во согласност со законот. Прашањата на кои не одговорила на крајот на годината пораснале за 55 отсто, на над 200.000.

Според најновите податоци на Владата на САД, објавени овие денови, покриени се сите барања на 100 федерални агенции во текот на фискалната 2014 година од 1 октомври 2013 до крајот на септември 2014 година, според Законот за слобода на информациите, кој се смета за глобален модел за транспарента влада. Тие податоци покажуваат дека, наспроти разочарувањата и неисполнетите ветувања на Белата куќа значајно да се подобри начинот на кој ги објавува документите, тој закон е пополуране од било кога.

Граѓаните, новинарите, бизнисмените и други имале рекордни 741.231 барање за информации. САД потрошиле рекордни 434 милиони долари да одговорат на нив. Владата одговорила на 647.142 барања, што е 4 отсто помалку од претходната година.

Администрацијата на САД повеќе од било кога цензурирала материјали кои ги предала или целосно им го одбила пристапот и тоа во 39 отсто од сите барања. Понекогаш владата цензурира само неколку зборови или број на телефон на некој службеник, но во други случаи таа целосно би го покрила речиси секој параграф на страницата.

Агенцијата АП оценува дека Белата куќа во сопствената анализа се фали сама себе и додава дека администрацијата на САД рутински исклучува случаи од нив кога не можела да ги најде документите, кога лицето не сакало да плати за копии или било оценето дека барањето не било во согласност со Законот за слобода на информациите.

АП наведува дека Владата според сопствените оценки, ги објавила сите или делови од документи во 91 отсто барања, што е и понатаму рекордно низок резултат од кога претседателот Барак Обама ја презел функцијата, според оценка на самата Бела куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top