Во неделата вечер Белата куќа доби два нови станара, првата дама Меланија Трамп и нејзиниот син Барон конечно му се придружија на американскиот претседател Доналд Трамп.
Меланија и Барон со претседателскиот авион Ер Форс Уан во придружба на Доналд Трамп слетаа во воздушната база Андревс во предградието на Вашингтон.
На краткото патување од Бедминистер во Њу Џерси, каде Трамп го помина викендот во својот голферски клуб, со нив биле и родителите на Меланија, Виктор и Амалија Кнавс, кои живеат во САД, но секоја година ја посетуваат Словенија.
По доаѓањето во Белата куќа, Меланија на Твитер објави фотографија на обелиск во центарот на престолнината кој се гледа од нејзиниот прозор.
-Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа- напишала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!