| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите на СДСМ ја цензурираат официјална Анкара

Главниот медиумски стратег на СДСМ, Бранко Героски на својот Фејсбук профил се фали дека ги цензурирал турскиот амбасадор и турската амбасада во Република Македонија. Имено Героски како уредник на весникот „Слободен печат“, Героски одбил да ја објави колумна на турскиот амбасадор во земјава и тоа гордо го пишува на својот профил. Исто така одбиена е и реклама за прославата која ја организираше амбасадата Република Турција во земјава по повод годишнина од задушувањето на обидот за пуч кој се случи минатата година во Турција.

Обидот за пучот не успеа затоа што турскиот народ ја одбрани демократијата и застана зад демократискиот избор на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а исто така беше осуден од и целата меѓународна заедница вклучувајќи ги НАТО и Европската Унија

Турција е една од најголемите поддржаувачи на Република Македонија во евроатланските интеграции и помеѓу двете земји постои високо ниво на односи кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување.

СДСМ се однесува лицемерно кон пријателска Турција. Од една страна владини претставници се појавија прославата на турската амбасада и ветуваше унапредување на пријателството помеѓу двете земји, а од друга страна СДСМ преку своите медиуми ги цензурираше турскиот амбасадор и амбасада како официјални претставници на Турција во земјава.

СДСМ со својот лицемерен однос и цензурата на официјална Анкара може да ги наруши пријателските односи градени со години и застанува контра ставот на меѓународната заедница која цврсто му укажа поддршка на турскиот претседател Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top