Американската армија истражува дали тројца нејзини војници, кои биле ангажирани на обезбедување на Белата куќа, имале „несоодветни контакти со странкињи“ при турнејата на претседателот на САД Доналд Трамп во Азија, објави „Вашингтон пост“.
Весникот се повикува на извори во Белата куќа, кои наведуваат дека тројцата подофицери не ги почитувале правилата на службата при посетата на претседателот на Виетнам.
Војниците бил дел од единица задолжена за безбедноста на доверливите средства за комуникација.
Портпаролот на Пентагон Марк Рајт потврди, дека се води истрага, но не даде повеќе детали за случајот.
а
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.