| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)

Пет месеци откако Доналд Трамп ја презеде должноста претседател на САД, неговата сопруга Меланија и нивниот 11-годишен син Барон се преселија во Белата куќа.

Меланија не сакаше да се пресели во Вашингтон додека Барон не ја заврши школската година. Многумина сметаа дека ваквата одлука е необична бидејќи Меланија беше првата претседателска сопруга која не се преселила веднаш во Вашингтон. Судејќи според нејзината објава на Tвитер, првата дама на САД е одушевена од новиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top