Тие се едни од најубавите жени на светот, но немаат сексуални афинитети само кон мажите и отворено зборуваат за тоа. Иако овој факт не се обидуваат да го сокријат, интересно е тоа што сепак повеќето луѓе ги сметаат за хетеросексуалки. Ви издвојуваме дел од нив.
Меган Фокс
Во 2011-та година Меган успеа да ги изненади сите кога во едно интервју призна дека е бисексуалка.
– Мислам дека луѓето се раѓаат како бисексуалци, па подоцна носат потсвесни одлуки заради притисокот на општеството, изјави таа додавајќи дека смета дека мажите се „валкани“ и дека не би можела да биде со жена која претходно била со маж.
Ана Паквин
Ѕвездата од серијата „Сина крв“ исто така е отворена на прашањето за нејзината сексуалност.
– За мене тоа не е проблем, бидејќи знам дека бисексуалноста реално постои. Не е измислена. Не е во прашање недостаток на одлука, изјавила Ана во интервјуто за магазинот „Zooey“.
Анџелина Џоли
Џоли никогаш не ја криела својата бисексуална природа, а до сега била во врска со повеќе жени, меѓу кои и со манекенската Џени Шимицу.
– Порано сакав жени и спиев со нив. Доколку сакате да заведете жена, посебно добро ќе знаете што треба да направите ако и вие сте жена, вели таа.
Амбер Херд
Оваа убавица и сопруга на Џони Деп отворено прозборува за својата наклонетост кон жените. За списанието „Elle“ таа изјавила дека сака да биде искрена кон светот и не сака да излезе дека нешто крие.
Дру Баримор
Дру призна дека е бисексуалка уште во 2003-та година во едно интервју за магазинот „Contact“.
– Дали ми се допаѓаат жени во сексуална смисла? Да, дефинитивно. Отсекогаш сум се сметала за бисексуалка. Го сакам женското тело. Мислам дека е многу убаво кога две жени се заедно, исто како и кога двајца мажи се заедно. Кога сте со жена, тоа е како да го истражувате сопственото тело, изјавила тогаш Баримор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.