| четврток, 6 декември 2018 |

Во британските обложувалници голема битка за името, како ќе биде Елизабет или Џејмс?

kejt-1

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, треба да се породи следниот месец, а во британските обложувалници на големо се води битка околу името на новиот престолонаследник. Уште официјално не е потврдено дали малиот принц Џорџ ќе добие брат или сестра. Според резултатите од обложувалниците, најмногу шанси имаат имињата Елизабет и Џејмс, а веднаш зад нив се наоѓаат Викторија, Шарлот, Филип и Артур.

Освен за полот на бебето и потенцијалните имиња, обложувачите погаѓаат и дали Кејт ќе роди тројка или близнаци, како и во каков фустан ќе се појави пред породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top