Официјалниот вебсајт на ЕХФ ги овјави составите за вечерашниот натпревар (20:15) меѓу Вардар и Висла во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Нашиот тренер, Раул Гонзалес, ги врати во екипата Петар Ангелов и Стефан Терзиќ, кои во Плок не добија шанса.
Овој пат нема да играат Страхиња Милиќ и Добривоје Марковиќ, кој имаше здравствени проблеми.
Вардар ќе бркаат победа од шест и повеќе гола за да ги анулира оние 32-26 од првиот натпревар и да се пласират меѓу најдобрите осум во Европа.
Вардар: Штербик, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Чипурин, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лазаров, Прибак, Растворцев, Шишкарев, Стоилов, Терзиќ, Тоскиќ.
Висла: Коралес, Вихари, Моравски, Дашек, Јонеа, Јуркиевич, Квјатовски, Монторо, Никчевиќ, Пјеховски, Ракотеа, Сипжак, Тјуменцев, Вишњевски, Зеленовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.