Многу кралеви имале голем број на жени, а и голем број на деца. Овие ѕвезди знаат дека во себе имаат сина крв.
ТОМ ХЕНКС
Том Хенкс по таткова линија води потекло од Кралот Џон од Англија, кој владеел од 1199 до 1216 година. Освен тоа, тој е роднина и со кралицата Елизабета Втора, 24 колено.
ХЈУ ГРАНТ
Хју Грант има два кралски предци. Тој е потомок на Хенри Седмипо мајчина линија и потомок на Кралот Џејмс Четврти од Шкотска.
УМА ТУРМАН
Ума Турман и изгледа дека во себе има кралска крв, висока, русокоса, грациозна. Таа е директен потомон на Долгоногиот Едвард. Кралот Едвард Првиод Англија владеел 35 години, од 1272 до 1307 година. Тој имал многу деца, а преку него Ума Турман е роднина и со кралицата Елизабета Втора, 21 колено.
ЏОНИ ДЕП
Џони Деп е роднина со кралицата Елизабета Втора, 20 колено. Тие двајца имаат заеднички роднина. Далечниот роднина на Деп, Маргарет Перси, која била ќерка на третиот Ерл од Нортумберленд, потомок на кралот Едвард Трети.
ПАРИС ХИЛТОН
И Парис Хилтон е роднина со кралицата Елизабета Втора, 20 колено по линија на својот татко Рик. Нивни заеднички предок е Хенри Втори, кои имал неколку деца и бил во брак со Елеонора од Аквитанија.
БРУК ШИЛДС
Глумицата има најмногу кралевски предци во светот на познатите. Таа е роднина на Елизабета Втора, 18 колено, преку кралот Хенри Четврти од Франција. Брук е потомок и на Блаш од Ланкастер, жената на Џон од Гент, првиот Војвода од Ланкастер и син на Едвард Трети од Англија. Покрај тоа таа исто така е поврзана и за Катерина Медичи и Лукреција Борџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








