| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли од каде потекнува рекламниот слоган „Just Do It“

just_do_it__orange__by_tcepel-d78gkox

Рекламниот слоган „Just Do It“ на спортската марка „Nike“, му помогна на брендот да заработи милијарди долари. Инспиративната фраза сепак има изненадувачко потекло. Таа потекнува од затвореник осуден за убиство по име Гери Гилмор, според „New York Post“.

Гилмор е осуден за убиството на вработен во продавница и менаџер на мотел. Пред да биде извршена смртната пресуда во 1977 година, Гилмор вели: „Да го направиме“.

giig

Деценија подоцна оваа реченица му се допаднала на маркетинг специјалистот Дан Вејден. Во тоа време „Nike“ се обидува да го стигне „Reebok“ како водечка компанија за спортски патики.

– Се обидував да напишам нешто да им се допадне од жените кои само што почнале да спортуваат, за да влезат во форма, до луѓе кои се спортисти од светска класа, вели Вејден за списанието„Dezeen“.

Така тој одеднаш се сетилна Гилмор.

– Во затвоотр го прашале Гилмор дали има нешто да каже за последен пат и тој рекол:„ Да го направиме“. На мене не ми се допадна: „Да го направиме“, па го сменив во: „Само направи го“, вели Вејден.

00040573

Откако „Nike“ за првпат го користи рекламниот слоган во реклама за 80 годишен тркач во 1988 година, марката едноставно се вивнува, пишува„Business Insider“.

Деценија подоцна продажбите на „Nike“ скокаат од 877 милиони долари до 9.2 милијарди долари.

Продажбите на компанијата оваа година се очекува да достигнат 28 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top