| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?

Сè повеќе Американци ги уништуваат своите „најк“ обувки и облека, а снимките од уништувањето ги објавуваат на интернет со хаштагот #JustBurnIt, игра на зборови која е насочена против слоганот на „Најк“, Just Do It.

Со овој нивен деструктивен чин ти го изразуваат својот протест, бидејќи „Најк“, светски познат производител на спортска опрема, обувки и опрема, за својата најнова кампања го ангажираше Колин Кеперник, бивш играш на американски фудбал кој пред две години предизвика гнев кај американските десничари бидејќи остана да седи на клупата за играчи за време на изведување на американската химна.

Кога Кеперник го прашаа зошто не станал за време на химната, изјави дека станува збор за негов чин на протест поради низата полициски убиства на невооружени црнци.

Фудбалерот цела сезона продолжи да клечи или седи за време на изведување на химната. Иако следната година не потпиша за ниту еден клуб, неколкумина други играчи на американски фудбал беа инспирирани и поттикнати од неговиот пример да продолжат со истата пракса.

Новата кампања на „Најк“, која беше промовирана во понеделникот вечерта, содржи фотографија од Кеперник со текст „Верувај во нешто. Дури и ако тоа значи жртвување на сè. #JustDoIt“ (Believe in something, even if it means sacrificing everything. #JustDoIt).

Брзо после промовирањето на новата кампања на „Најк“, по социјалните мрежи почнаа да се појавуваат снимки од уништување на нивните патики од страна на корисниците, како и палење на обувките и облеката. На некои снимки се гледа палење на патики, додека други го логото од нивните производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top