Зинедин Зидан ги стави во втор план сите песимисти кои му најавуваа кратка тренерска кариера на „Сантијаго Бернабеу“, откако во период од само 20 месеци успеа да испише историја како предводник на тимот кој претходно изгледаше непрепознатливо под водство на Рафаел Бенитез.
Популарниот Зизу на двапати ја освои Лигата на шампионите и му ја донесе на клубот посакуваната титула во Примера која очајно ја посакуваше претседателот Перез, а начинот на кој успеа да го направи тоа секако ги воодушеви сите фанови на Реал, но и самите играчи кои не го кријат задоволството од феноменалната работа на Французинот.
Последен во низата на фудаблери кои испраќаат големи пофалби до Зидан застана Серхио Рамос, кој на капитенски начин се обиде да објасни зошто Зинедин е најверојатно и најдобар тренер во историјата на Реал.
– Зидан ги урива сите рекорди во изминативе две години, ги засени сите претходни тренери кои беа дел од Реал. Најважно е тоа што го пронајде вистинскиот рецепт за да ни го трансмитира неговото играчко знаење како тренер. Беше мирен како играч, а тоа многу му помогна да ја води и соедини оваа група на играчи што не е воопшто лесно за остварување. Неговиот талент не вчудоневиди, ја води групата на најдобар можен начин – објаснува Рамос при промоцијата на неговите нови „Најк“ копачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Капитенот на Шпанија го прослави голот со албанскиот орел?! (видео)
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Студентите на ФИНКИ изработија нова едукациска алатка за учење историја
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера