| четврток, 6 декември 2018 |

Доењето и мајчиното млеко се поврзано со коефициентот на интелигенција

breastfeeding

Истражувачите од Бразил работеле на долгогодишна студија која открила поврзаност меѓу доењето и интелигенцијата.

За време на студијата биле набљудувани 3.500 бебиња во своите фази од живтот и било откриено дека оние кои биле доени имале подобар резултат на тестот за интелигенција кога пораснале. Експертите велат дека овие резултати покажуваат дека бебињата треба да се дојат минимално шест месеци.

Во студијата е наведено дека постојат разни фактори, освен доењето, кои можат да влијаат на интелигенцијата, иако научниците се обиделе да ги исклучат факторите како што е на пример образованието на мајката и тежината на бебето при раѓање.

Во популацијата која била испитувана, била вклучена средната класа во која доењето било распострането, како и богатите, кои не практикуваат доење.

Некои од бебињата се доени помалку од еден месец, а некои повеќе од една година. Оние бебиња кои биле доени подолго, имале поголем број бодови на тестовите за интелигенција, повеќе заработуваат и подобро се образовани.

Се верува дека мајчинотомлеко може да придонесе кон интелигенцијата бидејќи е добар извор на заситени масни киселини кои се есенцијални за развој на мозокот. Но, експертите велат дека студијата не може тоа да го потврди и затоа е потребно повеќе да се истражи за можната врска меѓу доењето и интелигенцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top