Братот на познатиот играч на Челси, Немања Матиќ, Урош и Енис Барди се освежувања на списокот на селекторот Бошко Ѓуровски за квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Белорусија закажан за 27 март во Скопје.
Урош кој игра за холандскиот прволигаш НАЦ Бреда и барди кој е член на унгарски Ујпешт Дожа за првпат ќе имаат шанса да заиграат за македонската репрезентација. На поширокиот список по подолго време е и Марио Ѓуровски, а изненадување е што има дури 6 играчи од домашното првенство, нешто што не се случило одамна.
Голманот Пачовски и напаѓачот Блажевски од Вардар, потоа Радески од Металург, Дарко Велковски од Работнички и дуото од Шкендија Положани и Тодоровски го сочинуваат квинтетот домашни играчи кои ќе конкурираат за место во стартните 11 за дуелот со Белорусите.
Еве го комплетниот список на повикани репрезентативци:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.