Холанѓанецот Дик Адвокат е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Сандерленд и тој ќе го замени Густаво Појет во обидот да се спаси клубот од испаѓање.
Појет доби отказ по дебаклот од Астон Вила со 0-4 и особено по бизарниот момент на почетокот на второто полувреме, кога Сандерленд во конфузија излезе на терен со 10 играчи. Себастијан Ларсон за чудо остана во соблекувалната подолго од предвиденото и стаса на терен со 3 минути задоцнување, што наиде на критики од домашната публика.
Појет веднаш по мечот изјави дека Сандерленд личел на кафански клуб, а не на сериозен премиерлигаш, што беше знак дека ќе си замине.
И Адвокат доаѓа во незгоден момент, по неуспешната авантура како селектор на Србија.
„Сандерленд е голем клуб и подготвен е за нов предизвик. Мора да се концентрираме на недела и едвај чекам да почнам со работа“ – вели Адвокат кој екипата ќе ја води до крајот на сезоната.
Сандерленд е на 17. место во Премиер лигата со 26 бода, еден бод повеќе од Барнли кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
Холандскиот стратег водел голем број клубови меѓу кои и Зенит, ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар, Борусија Мехенгладбах, а беше селектор и на Холандија и на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение