Вардар загуби со 6 гола разлика во Плоцк од Висла и ќе мора да брка голема негатива во реваншот во Скопје за 7 дена. Полскиот тим славеше со 32-26, а разликата во текот на второто полувреме беше и плус 9 за домаќините. Почетокот на второто полувреме беше катастрофален за Вардар, а Висла од два гола предност стаса до огромна позитива од 23-14. Кога се наѕираше дебакл и двоцифрена негатива, Арпад Штербик беше на потребното ниво, спаси неколку чисти погодоци, а во нападот Дујшебаев, Карачиќ и Дибиров беа прецизни за намалување на огромната разлика.
На 3 секунди до крајот Дујшебаев постигна многу важен погодок и ги постави конечните 32-26 за Висла. Реваншот е на 21. март во 20,15 часот, а секако за успех и за подвиг на Вардар ќе треба многу подобра игра во одбраната.
Во Плоцк вечерва најефикасен беше Алекс Дујшебаев со 10 погодоци, а зад него е Тимур Дибиров со 5 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.