Астон Вила во фуриозен стил и со победа од 4-0 против Сандерленд ја прекина црната низа од пет порази на гостински терен во Премиерлигата. На двапати мрежата на домаќините ја погодија Бентеке и Агбонлахор за многу важна победа во битката за опстанок во англиското првенство. На стартот од второто полувреме се случи интересен преседан, а збунетите домаќини излегоа на терен со 10 фудбалери. Себастијан Ларсон го немаше, а се појави со 3 минути задоцнување, што предизвика бура од негодување кај публиката.
„Личевме на тим од некој англиски паб, а не на сериозен клуб од Премиерлигата“, изјави Густаво Пјет по мечот.
Успешен тест пред мечот на сезоната и реваншот со Монако, имаше Арсенал. Топчиите со 3-0 го декласираа Вест Хем во дербито на Лондон и покажаа дека се подготвени за реваншот во Франција против Монако, каде ќе стартуваат со негатива од 1-3. Жиру, Рамзи и Фламини беа стрелци за Арсенал, екипа што го задржа третото место со 57 бода.
Во дербито на дното Лестер и Хал одиграа без голови, а Вест Бромвич Албион го победи Стоук со 1-0, со голот на Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение