Градот Скопје бара фирма која ќе изработи основен проект за реконструкција на партерното уредување на паркот „Жена-борец“, објави порталот „Хело Скопје“. За таа цел планира да потроши еден милион денари, или околу 16.000 евра. За толку пари треба да се обноват патеките во паркот кои се многу оштетени, да се постави целосно нова инсталација и ново осветление и да се реконструира зеленилото.
Во огласот што вчера го објави Градот, се наведува дека се бараат архитектонски услуги, инженерски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и за уредување на земјиштето, потоа поврзани научни и технички советодавни услуги, како и технички испитувања и анализа.
Единствен критериум за доделување на договорот ќе биде најниската понудена цена. Јавното отворање на понудите ќе се одржи во понеделник на 23 овој месец во 12.00 часот во одделението за јавни набавки, барака 1а во Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.