| четврток, 6 декември 2018 |

Египет: Наставник до смрт претепал ученик

egipet voen udar

Еден 12-годишен ученик од Каиро, Египет, починал денеска откако наставник го претепал во саботата, соопшти египетското министерство за образование.

Насилниот наставник е суспендиран, а министерството иницирало итна истрага за да се утврдат причините, пренесува АФП.

Во египетските училишта физичкото казнување ученици е вообичаено.

Шефот на форензичното одделение Хашим Абдел Хамид сооппшти дека починатото момче имало повреди на главата и крварење во мозокот.

Злоупотребата на децаа во Египет во последно време добива аларментни размери. Меѓу јануари и октомври 2014 година нападите врз децата се зголемиле за 55 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top