Министерот за надворешна работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска и утре во Рига ќе учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.
На неформалниот состанок Попоски ќе учествува на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевичс (во својство на земја-претседавач со Советот на ЕУ).
Тема на состанокот ќе биде јужното и источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со најновиот развој на настани во земјите од овој регион.
Како што соопшти МНР, се очекува акцентот да биде ставен на случувањата во Украина, во светлина на постигнатиот нов мировен договор во Минск, како и за состојбите во Сирија и во Ирак и борбата на коалицијата предводена од САД против ИСИЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.