Втор викенд по ред во Премиерлигата во Англија се случува кардинална грешка на судиите, а ако Немања Матиќ се извлече без повреда, овој пат настрада Стиве Ајрланд. И повторно играчот што стартуваше грубо помина без црвен картон.
По бруталниот старт на Мајнорт Фигероа, Ајрланд „заработи“ длабока расеченица на мускулот на десната нога и предвреме го заврши мечот меѓу Стоук и Хал. Домаќините и без него победија со 1-0, но останува горчливиот вкус од хорор-стартот и повреда на Ајрланд. Мечот го судеше Марк Хјуз, кој очигледно ја преспа целата ситуација и не му додели црвен картон на Фигероа.
Претходниот викенд Ешли Барнс стартуваше со ѓон директно на ногата на Немања Матиќ во дуелот меѓу Челси и Барнли, а прекршокот за исклучување не го виде судијата Мартин Аткинсон. По стартот реагираше Матиќ и го оттурна Барнс, па тој доби црвен картон и два меча пауза, а играчот на Барнли мина без санкција за исклучително грубиот старт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение




