| четврток, 6 декември 2018 |

Пардју го препороди Кристал Палас

Алан Пардју го препороди Кристал Палас, екипа која ја забележа третата победа во низа на гостински терен под палката на новиот тренер. Пардју пристигна во клубот од Лондон од Њукасл и успеа да го извлече Кристал Палас од опасната зона за испаѓање од Премиерлигата.

alan

Денеска во премиерниот меч од 27. коло, Палас го доби градското дерби против Вест Хем како гостин со 3-1. Глен Мареј постигна два гола за гостите, па беше исклучен, а блескаше и Џејсон Панчон со три асистенции. Еден гол за Кристал Палас постигна Дан, а стречец на почесниот гол за Вест Хем беше Валенсија.

Популарните чекани го претрпеа 300. пораз во Премиерлигата, а кризата продолжува со пет меча без победа за Вест Хем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top