Српскиот дефанзивец во редовите на Челси, Бранислав Ивановиќ, го пренесе ставот на играчите од соблекувалната дека ќе дадат се од себе да го освојат Лига купот во Англија и ќе го посветат на суспендираниот играч Немања Матиќ.
Во недела се игра финалето од ова натпреварување, а Челси ќе се сретне со градскиот ривал Тотенхем.
Избраниците на Жозе Мурињо нема да можат да сметаат на услугите на суспеднираниот Матиќ кој заработи два натпревара суспензија по добиениот црвен картон во премиерлигашкиот натпревар против Барнли кога жестоко реагираше кон противничкиот играч Барнс поради остриот старт кој можеше посериозно да го повреди Србинот.
Еден од најдобрите фудбалери на Челси оваа сезона секако многу ќе недостасува во составот, а соиграчите се мотивирани да го освојат купот и да му го посветат токму на Матиќ.
– Сите имаме посебна мотивација да го подигнеме пехарот во недела и да му го посветиме токму нему.
Имаме доволно силна екипа. Сите видовте што се случи на натпреварот против Барнли. Немања е доволно силен да се справи со сите ситуации. Ќе дадеме се од себе за да го освоиме Лига купот – изјави Бане Ивановиќ за англиските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение