Со убедлив резултат од 29:38 (13:20) на гостувањето против Раднички Крагујевац, ракометарите на Вардар дојдоа до нова победа во СЕХА-лигата. Македонскиот состав доминираше во текот на целиот натпревар, а убедливото водство беше утврдено уште на почетокот на играта.
Најефикасен беше Добривоје Марковиќ со 8 погодоци, капитенот Лазаров и Терзиќ имаа по 7, додека Стоилов запиша 6 гола. Милиќ, пак, на голот имаше 14 интервенции (1 седмерец). Кај Раднички, најмногу погодоци имаше Давидовиќ со шест гола.
Вардар со оваа победа го обезбеди второто место во групата, со тоа и сигурен пласман во полуфиналето од СЕХА-лигата на Ф6 турнирот што по се изгледа ќе се одржи во Веспрем. Следниот натпревар „црвено-црните“ го имаат в сабота, на гостувањето кај Татран Прешов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.