Актуелниот шпански селектор ќе биде голем адут од клупата за Висла Плок на двомечот во ракометната Лига на шампиони во март. Во осминафиналето најпрво во Плок, а потоа и во Скопје ќе се крои судбината за четвртфиналето, а Каденас му ја препушта улогат на фаворит на Вардар.
„Македонците имаат високи амбиции да играат на завршниот турнир, а за тоа имаат и одлична поткрепа во силниот состав. Планот им е добар, но ние сме тука за да се обидеме да им го расипеме. Очекувам неизвесен двомеч и одлична атмосфера и во Плок и во Скопје. Навивачите на двата клуба се фантастични и ќе биде супер да се игра во пеколен амбиент на двата дуели“, изјави Маноло Каденас, за клупскиот сјат на Висла.
Полјаците ќе бидат домаќини во еден од термините од 11. до 15. март, а реваншот е во Скопје една седмица подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



