| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Висла Плок во осминафиналето во ЛШ

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони, Вардар, ќе игра против Висла Плок во осминафиналниот двомеч. Ждрепката во Виена одлучи полскиот вицепрвак да им биде ривал на „црвено-црните“ на првиот чекор од нокаут-фазата.

vardar-monpelje-13

Висла го освои третото место во групата Б зад Барселона и Колдинг, а освои 13 бода, два помалку од Вардар, кој беше второпласиран во групата Ц. Првиот меч ќе се игра во Плок, а реваншот е во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top