Екипата на Вардар ќе го игра клучниот меч за второто место во групата Ц против Рајн-Некар Левен на гости утре од 21 часот, а според тренерот Раул Гонзалес најважно е да се спречи фуриозен почеток на Германците.
– Нѐ очекува тежок натпревар на гостински терен против квалитетен тим од калибарот на Некар Левен. Според тоа што можевме да го видиме досега, тие играат фуриозно во првите 15 до 20 минути од мечот, и ако успееме да се одбраниме во тој период, може да очекуваме позитивен резултат. Знаеме дека не може да се игра врвен ракомет сите 60 минути, ќе има многу ротации во играта, но ние мора да се бориме до крај – вели Гонзалез за клупската веб-страница на РК Вардар.
На „црвено-црните“ им одговара и реми бидејќи имаат 13 бода, еден повеќе од Рајн-Некар Левен. Првиот меч во Скопје го доби Вардар со 28-25.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.