| четврток, 6 декември 2018 |

„Шпигел“: Грција ќе банкротира во текот на летото

grcija

 По неуспехот на состанокот на министрите за финансии на Еврогрупата, на кој не беше постигнат договор за програмата за финансирање на Грција, земјата сѐ повеќе се доближува до банкрот, а сѐ поверојатно е и нејзиното истапување од еврозоната, оценува денеска германскиот политички магазин „Шпигел“.

– Ако не стигнат нови пари од европските партнери, Грција ќе банкротира во текот на претстојново лето, а можеби и порано – оценува магазинот, потсетувајќи дека само до крајот на март на име камати Атина на доверителите мора да им исплати 2,2 милијарди евра.

Доколку успее финансиски да ја преживее пролетта, веќе во јули на Грција ќе ѝ требаат свежи пари или во спротивно ќе мора да прогласи банкрот.

– Во таков случај, една банкртирана Грција ќе биде сѐ поблизу до напуштање на евроозната – смета „Шпигел“.

Поради најновата криза со неизвесноста околу програмата за финансирање на Грција, грчките банки секојдневно бележат загуби, а нивните клиенти парите ги префрлаат во странство, додава германскиот магазин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top