
Една од најтешките битки сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите ракометниот клуб Вардар ќе ја игра вечерва, 19 часот, кога во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува француски Монпеље. Целта денеска е да се задржи второто место во групата за да се добие полесен конкурент во Топ 16 фазата, каде веќе пласманот е загарантиран. Но во случајов и Вардар и Монпеље ја имаат истата цел.
„Остануваат два натпревари, а математиката покажува дека секој може да биде и втор и трет и четврти, така најважно е да ги земеме бодовите денеска и што побрзо да се осигураме“, вели голманот на црвено-црните, Арпад Штербик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


