| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со број 104 на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пад на ранг-листата на ФИФА и сега е на 104. место со 320 поени. Тоа е пад за три позиции во однос на јануарскиот рејтинг на нашата селекција.

Од репрезентациите што се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2016, Белорусија е на 101. место, додека Луксембург е на 129. позиција. Најдоброрангирана е Шпанија, која назадуваше за една позиција, па сега е на 10. позиција, Словачка е на 22. место, а Украина е на 27. место.

Makedonija fudbal

Февруарската листа на ФИФА не претрпе промени на врвот. Прва сѐ уште е Германија, пред Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил и Португалија. Меѓу првите 10 се и Франција, Уругвај и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top