| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички финиш на Челси

Лидерот во Премиерлигата Челси со голот на Вилијан во 89. минута го скрши силниот отпор на Евертон и ја задржа разликата од 7 бода во однос на Манчестер сити. Популарните „граѓани“ убедливо со 4-1 го победија Стоук на гости и го задржаа чекорот во битката за титулата.

Победа забележа и најтрофејната екипа во Англија, Манчестер јунајтед против Барнли со 3-1, по што се проби на третата позиција со 47 бода, пред Саутемптон, кој ремизираше без голови со Вест Хем.

Челси долго се мачеше против Евертон, но гостите од Ливерпул попуштија во самиот финиш и примија гол за пораз на „Стемфорд Бриџ“. Бразилскиот ас Вилијан успеа да погоди во 89. минута, откако само 60 секунди претходно беше исклучен Герет Бери.

cel

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top