| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар не се откажува од данскиот шмек, Јан Питлик вклучен во стручниот штаб

Познатиот и трофеен дански тренер Јан Питлик е вклучен во стручниот штаб на женскиот ракометен клуб Вардар и ќе и биде еден вид советник на Индира Кастратовиќ. По Ким Расмусен, кој имаше куса епизода како консултант во Вардар и си замина експресно, сега уште еден Данец треба да и биде од помош на Кастратовиќ кон врвот на Европа.

pitlik

„Познатиот тренер, и поранешен селектор на Данска, Јан Питлик (49) во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на македонскиот женски првак ЖРК Вардар. Според договорот за соработка, Питлик ќе помогне во подготовка на екипата за настапот во Лигата на шампионите, со оглед на големото искуство што го има од водењето на репрезентацијата на Данска. Индира Кастратовиќ останува прв тренер на екипата, а со доаѓањето на Питлик, стручниот штаб на ЖРК Вардар ќе се зголеми за уште еден квалитетен и признат светски стручњак“, информираат од ЖРК Вардар.

Питлик кој има 49 години има огромно реноме во женскиот ракомет и ја предводеше данската репрезентација до две олимписки и едно европско злато. Тој има и две сребрени медали од европските првенства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top