Инвестирањето во технологија, иновации и нови хибридни сорти се потребни за влез на европските пазари, велат агробизнисмените од Македонија, кои деновиве учествуваа на саемот „Фруит логистика“ во Берлин.
Тие ја гледаат Германија како пазар со голем потенцијал за македонските производи. Посебен интерес, како што нагласуваат, има за јаболка, грозје, лубеница, краставици, пиперки и домати.
Земјоделците на саемот се запознаа со најновите технолошки достигнувања и иновациите од областа на аграрот, а остварија и бизнис контакти за соработка. Беше организирана и деловна средба со петнаесет откупувачи на земјоделски и прехранбени производи од Германија заинтересирани за откуп од земјите во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


