| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 20.000 повици досега на „Ало докторе“

Вкупно 21.412 повици се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“ од септември минатата година кога почна да работи досега, а во изминатите седум дена 1.252 граѓани се јавиле за медицинска помош.

Достапни за медицински совет се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија и најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија – кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во информативниот центар „Ало докторе!“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.

Според распоредот, денеска во посочениот термин на линијата „Ало докторе!“ ќе биде проф. д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката за урологија, а утре д-р Милан Ристевски од Институтот за радиотерапија и онкологија, на 11 февруари д-р Славица Шубеска-Стратков,а директорка на Клиниката за ендокринологија, на 12 февруари д-р Реџеп Селмани од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и в петок на 13 февруари д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

В сабота на 14 февруари совети на линијата 02-15123 од 18 до 22 часот ќе дава доц. д-р Сашко Кедев од Институтот за кардиологија, а на 15 февруари проф. д-р Александар Шиколе од Клиниката за нефрологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top