Кларк Карлајл е прогласен за најпаметниот англиски фудбалер, а епитетот го заслужи и со победа на еден од многубројните квизови во Велика Британија. Тоа му донесе и одлична кариера по простувањето од фудбалот, работеше како коментатор, а го назначија и за претседател на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.
И сето тоа не беше доволно за „математичарот“, како што го нарекуваат Карлајл, па дури стаса и до обид за самоубиство. За една ноќ Кларк го прокоцка целото богатство што го спечали играјќи фудбал за Барнли, чијшто капитен беше во Премиерлигата. Во очај тргна да се самоубива, излезе на автопат пред камион и со огромна доза на среќа преживеа.
– Смртта ми беше совршено решение за тогашната ситуација. Само ја прескокнав оградата и излегов на автопат. Почуствував блесок и потонав во мрак. Следното што го видов кога се разбудив беше крв на сите страни и непознати лица во магла – вели Карлајл.
За среќа, преживеа, иако имаше неколку сериозни повреди и внатрешно крварење и сега е ставен на програмата за рехабилитација на потенцијалните самоубијци. Од познат фудбалер и дипломиран математичар до лице за рехабилитација е патот што го изоде Кларк Карлајл, познат како напаметниот фудбалер на островот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение