| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар најде чаре за Мешков Брест

Вардар најде чаре за белорускиот претставник Брест Мешков и победи со 28-25 во меч од СЕХА лигата. До крајот на дуелот беше неизвесно, а со три гола во низа „црвено-црните“ го скротија ривалот за пласман на завршницата во Регионалната лига.

Тимур Дибиров кој беше извонредно расположен и постигна 8 гола му донесе предност на Вардар од 25-24, потоа и Шишкарев и Горбох беа прецизни за недостижна предност од 27-24. Шишкарев со 5 гола беше втор стрелец кај Вардар, а одлично бранеше Арпад Штербик.

dibirov

 

Еден од најдобрите голмани на светот собра 13 одбрани, со што беше меѓу најзаслужните за новата победа на Вардар во СЕХА лигата и зацврстување на втората позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top