| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија ќе дозволи создавање бебе од три примероци ДНК

bebe4

Парламентот на Велика Британија го одложи гласањето за одлуката дали ќе дозволи „создавање“ бебе од три различни примероци ДНК. Ако парламентарците го изгласаат овој закон, тогаш В. Британија ќе стане прва земја во светот што го легализирала „создавањето“ бебе од три лица.

Сепак, ако парламентарците решат да ги негираат верските службеници, првото бебе „создадено“ од три лица може да се роди в година. Оваа техника би ѝ помогнала на Шарон Бернанд од Сандерленд, која ги загубила сите седум деца поради митохондриска болест.

Митохондрии се тенки прегради во секоја клетка на телото на човекот, кои ја претвораат храната во корисна енергија. Дефектна митохондрија, која се пренесува само од мајка на дете доведува до оштетување на мозокот, мускулите, болести на срцето и до слепило.

Предложената техника би користела модификувана верзија на вонтелесно оплодување, со здрава митохондрија на жена донатор. Бебето што ќе се роди ќе има здрави гени и ќе ги пренесува понатаму на своите деца.

Здравствениот систем на В. Британија порачува дека ова истражување е направено на основа на предлог и барање на пациентите и затоа им е важно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top