| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар излеан во Велешко

Надојдените води на Вардар се излеаја кај селата Уланци, Виничани и Долно Градско каде се зафатени поголеми површини под земјоделски култури.

Златко Костов од Регионалниот Центар за справување со кризи од Велес, информира дека е поплавен и локалниот пат Уланци­Градско. На терен со механизација се излезени екипи од Општина Градско, каде се работи на расчистува на патот кој се уште не е прооден за автомобили и пешаци. Моментално на патот можат да поминат само трактори.

Костов информира дека вечерва има можност за излевање на Вардар на потегот од село Ногаевци во реонот на Градско до Гевгелија, поради зголемување на приливот на вода од Пчиња и Брегалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top