| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Би прифатил да бидам селектор на Хрватска

Ивица Обрван има договор со Ракометната федерација на Македонија до 30 јуни годинава, но вели дека би прифатил да биде кормилар на Хрватска, неговата матична земја, доколку стигне понуда. Во интервју за „Индекс“, Обрван проговори и за кризата во Металург, истакнувајќи дека грото репрезентативци што доаѓаат од овој клуб стигналенеподготвени на собирот на македонската селекција.

Кога некој денеска, утре би ми понудил да бидам селектор на Хрватска, секако дека би прифатил и тоа би ми било чест. Не се сомневам дека можам квалитетно да одговорам на таков предизвик и знам дека на такво нешто бев подготвен и претходно. Имам и знаење и минат труд и доволно искуство и доколку стаса повик, секако дека би ја прифатил понудата. Во овој момент сум селектор на Македонија со важечки договор до јуни 2015 година, со можност за прдолжување на соработката. Започнавме успешно нов циклус квалификации за ЕП во Полска. На добар пат сме трет пат по ред, во мој мандат, да дојдеме до големо натпреварување. По крајот на квалификациите, во јуни ќе мора да седнеме со луѓето од ракометниот сојуз и ќе видиме на што сме, во каква состојба ќе бидат репрезентативците и ќе одлучиме што и како понатаму. Што се однесува до Шамбери, јас и РФМ се договоривме и претходно ако имам понуда од клуб да прифатам, затоа што не е тоа реткост во ракометниот спорт, бидејќи ми треба секојдневна работа“, вели Обрван.

makedonija-bosna-8

 

Дали тоа е знак за напуштање на кормилото на македонската репрезентација, засега останува енигма, а Обрван жестоко го нападна и сонародникот Лино Червар, кој го предводи македонскиот првак Металург.

„Не знам дали знаете, но она што го затекнав во македонската репрезентација е нешто страшно. Ниту македонската, а камоли хрватската јавност немаат поим во каква состојба се играчите на Металург, клуб од која доаѓаат поголемиот број репрезентативци. 13 или 14, кои заедно со Лино Червар беа дел од тој проект, со месеци не одработија ништо што се однесува до тренинг. Дојдоа на репрезентативен собир во распадната состојба, без сознанија што ќе биде со нив, со нивните договори. Од лето не примиле ниту една плата и ќе бидам искрен, стравував што воопшто ќе направиме на ова првенство“, додава Обрван.

Македонскиот селектор е задоволен од пласманот на деветтата позиција на нашата селекција на СП во Катар, успех што, според него, треба да се цени.

„Им симнувам капа на играчите за сѐ што направија. Деветтото место е најголем успех во историјата на Македонија на Светско првенство. Против Словенија во осминафиналето едноставно немавме среќа. Промашивме четири седмерци, Шкоф бранеше сѐ, но и ние не бевме на задоволително ниво, пред сѐ во одбраната. Недостасуваше желба за битка со младите и брзи Словенци. Сепак, стигнавме до добар пласман и сѐ уште имаме шанси да дојдеме до квалификациски турнир за ЛОИ 2016, што беше примарна цел“, додаде Обрван во интервјуто за „Индекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top