| четврток, 6 декември 2018 |

Неповторлива традиција, Селтик и Глазгов ренџерс го одиграа дербито број 400

Неповторлива фудбалска традиција имаат зад себе двата шкотски гиганти Селтик и Глазгов ренџерс, а денеска го одиграа 400-то дерби познато и признато како „Олд Фирм“.

Овојпат играа во рамките на шкотскиот куп, а славеше Селтик со 2-0 и се најде во финалето на Лига купот. Грифитс и Комонс со по еден погодок во првото полувреме го одлучија големото дерби.

seltik

Ова беше едно од ретките „Олд Фирм“ дерби во ситуација кога двете екипи се во различен ранг на натпреварување. Селтик е прволигаш, а Глазгов Ренџерс настапува во втората шкотска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top