Кога на последниот ден од зимскиот преодне рок во јануари Челси се обиде со понуда вредна 40 милиони евра да го натера Муса Дембеле од Селтик да се пресели на „Стемфорд бриџ“, имаше многу причини да го направи тоа.
Пред се ако се земе в предвид дека следното лето ќе биде уште потешко до го реализираат тоа.
Како одминуваат деновите во февруари, се појасно станува дека менаџерскиот тим на Челси знаел што сака, и дека сега конкуренцијата за 20-годишниот напаѓач од Селтик ќе биде уште пожестока.
Од угледните медиуми од Франција стигнуваат информациите дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за моментално најдобриот играч на светот во класата 1996. И не само дека „кралевите“ сакаат туку дека веќе размислуваат за понуда тешка 50 милиони евра.
Но тука не завршува оваа нова трансфер-сага.
Пред се затоа што уште неколку великани на европскиот фудбал следното лето ќе тргнат во војна со оние понуди за потписот на талентираниот центарфор.
Пеп Гвардиола го посакува како последен член на и онака супер брзите и супер талентирани напаѓачи кои сега Шпанецот ги има на располагање како Жесус, Сане и Стерлинг.
Вљубеник во играта на Дембеле е и стратегот на Баерн од Минхен, Карло Анчелоти, кој го гледа како евентуален наследник на Рибери или пак Робен.
На крајот, тука е и Арсенал, а не смее да се заборави дека ниту Челзи не се откажал од оваа идеја, иако се погласно се најавува дека Диего Коста ќе го продолжи својот престој кај „сините“ со нов договор.
И сето ова наведува дека Муса Дембеле ќе биде звезда на наредниот преоден рок, но и еден од најскапите играчи на светот. Минатото лето дојде во Селтик без отштета од Фулам, но многу брзо ја „прерасна“ Премиер лигата на Шкотска во која на последните три меча даде седум голови.
Вклучително и два хет-трика. И на 41. меч во досегашниот дел од сезоната Дембеле има дадено дури 27. гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.