Фудбалерите на Селтик ја освоија 100. титула во нивната 129-годишна историја на клубот, откако во финалето на Лига Купот го совладаа тимот на Абердин со 3-0. Воедно денешната титула е и прва за тренерот Брендон Роџерс по неговото доаѓање во тимот на Селтик.
Фудбалерите на Селтик поведоа со голот на Рогич уште во 16. минута, а пред одморот Форест донесе комотни 2-0. Победата во второто полувреме само ја потврди Муса Дембеле со гол од пенал во 64. минута.
BETFRED CUP FINAL HIGHLIGHTS
Celtic 3 Aberdeen 0
Rogic (16')
Forrest (37')
Dembele (64' pen) pic.twitter.com/bAgpdz56vo— Focus on Celtic (@FocusOnCeltic) November 27, 2016
Сега на тимот на Селтик му преостанува да води битка за титулата во шампионатот, каде атакува на шести трофеј по ред. Моментално е лидер со 34 бода или осум повеќе од тимот на Глазгов Ренџерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)