| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот фудбалер на Ренџерс, Начо Ново, доживеал срцев удар на ревијален меч

Поранешниот фудбалер на Глазгов Ренџерс, Начо Ново доживеа срцев удар откако играше за тимот на легендите на шкотскиот тим на турнир во Германија.

38-годишниот Шпанец закрепнува во болница, каде што ќе остане една недела.

– Имаше срцев удар и иако тоа е многу сериозно, се надеваме дека бил релативно мал. Начо мислеше дека има инфекција на градите, но за среќа беше во експертски раце на лекари во вистински момент. Тој закрепнува добро, но сè уште е на интензивна нега и изгледа дека ќе остане во болница следната недела – изјави негов близок пријател за шкотските медиуми.

Ново постигна 73 гола на 255 меча за Ренџерс од 2005 до 2010 година и освои три титули во шкотскиот шампионат. Последен ангажман му беше во Гленторан минатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top